БРИФ

Осмислување креативна кампања за лансирање на новиот бренд Semmelrock, производи за надворешно поплочување на „Винербергер“.

РЕШЕНИЕ

При креирањето на овој креативен концепт, тргнавме од нудењето решение на проблемот пред кој е исправен инвеститорот кога треба да го средува својот двор. Во главата на инвеститорот се вртат мал милион прашања во врска со уредувањето и поплочувањето на дворот. Новиот бренд Семелрок располага со широка палета на павер-елементи - форми, бои, висини, формати.., а „Винербергер“ како компанија со вековна традиција и врвна експертиза, е тука да го води инвеститорот низ сите чекори по патеката кон новиот двор. Односно, сите ние сме тука да го дадеме одговорот на безбројте прашања поврзани со дворот, или кажано во една порака: За твојот двор имаме совршен одговор!

ИНФО

Клиент: „Винербергер“
Период на реализација: јуни-јули 2022 г.

На wienerberger.mk

2Д-анимација: