БАРАЊЕ

Организација на целокупното претставување на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт 2024 г.

РЕШЕНИЕ

Ангажманот на нашата агенција околу претставувањето на македонската книжевност на најголемиот светски саем на книгата, Саемот во Франкфурт во 2024 година, опфаќаше: организација на членовите на работната група на Македонската асоцијација на издавачи; водење на процесот на избор на креативен концепт за претставувањето; водење на процесот на избор на автори што влегоа во националниот каталог и книжевни дела што се преведоа на англиски; комуникација со преведувачите на делата од македонски на англиски јазик; прибирање податоци за сите 50 застапени автори во каталогот и уредување на каталогот; посредување при изработување на промотивните материјали; организација на транспортот на книгите и промотивните материјали од Скопје до Франкфурт; организација на национална забава на македонскиот штанд на денот на отворањето на Саемот; фотографирање и водење на кампања за односи со јавност; водење на маркетингот на социјалните мрежи; работа на штандот за време на Саемот.

ПЛУС ИНФО

Клиент: Македонска асоцијација на издавачи
Период на реализација: јуни-октомври 2024 г.

ЗА МАИ