








Бриф
Да се осмисли креатива за кампања за потсетување на јавноста за постоењето на онлајн туристичкиот водич Lakes.mk за регионот околу двете најголеми природни езера во Македонија.
Решение
Зошто сите ние кога одиме во посета на некое туристичко место, сакаме да се потпреме на туристички водич? Па, нормално, затоа што во него гледаме сигурност дека ќе си поминеме убаво. Очекуваме да ни ги покаже сите работи што се задолжителни да се видат, но и да ни открие нешто плус, нешто несекојдневно што ќе ни го открие „скриениот“ за туристите, но вистинскиот дух на местото. Со нашата кампања под слоганот „Те водам на езеро! Твојот Lakes.mk“ ги поканивме луѓето истото тоа да го почувствуваат и со користењето на онлајн туристичкиот водич за регионот околу Охридското и Преспанското Езеро. Ги повикуваве луѓето да му се препуштат на Lakes.mk онака како што би му се препуштиле на некој драг и мил кога би ги повикал на шетање, со тоа што во Lakes.mk би пронашле информиран пријател за прошетка и вистински водич. За потребите на кампањата направивме модификација и на логото на Lakes.mk кое го направивме: Твојот Lakes.mk.