Сè што правиме едноставно е: беспрекорно!
BE SURE
Дизајнерски услуги
Една слика - илјада зборови
Можете да ни го препуштите креирањето на вашиот визуелен корпоративен идентитет, дизајнот или редизајнот на вашето лого. Тука сме за дизајнирање на секакви промотивни материјали (летоци, постери, каталози...), за брендирање на возила и други рекламни површини (излози, сталажи...,) и за сè останато што влегува во описот на дејноста графички дизајн.
Копирајтерски услуги
Една реченица - илјада слики
Ви треба слоган? Можеби некаков друг текст за промотивни материјали - текст за флаер, постер, за на веб-страница, ПР-текст..., ама текст со содржина и со приказна? Сакате уникатно сценарио за радиореклама? Или имате веќе готови текстови, ама ви се на српски, англиски, бугарски..., па треба да се преведат и/или адаптираат? За сето ова - тука сме.
Стратешки маркетинг
Маркетинг на долги патеки
Маркетингот не е за еден ден - бара континуитет. Разработуваме и осмислуваме стратегија за маркетинг-присуство на пазарот преку креирање на USP (уникатен продажен предлог). Ја имплементираме стратегијата за маркетинг со усогласување на сите еднократни активности со однапред зацртаните долгорочни цели.
Дигитален маркетинг
Паметен маркетинг
Морате да бидете таму каде што се сите, а денес сите се на интернет. Ние можеме да го преземеме управувањето со целокупното присуство на интернет на вашиот бренд. Креатива, рекламирање и комуникација на социјалните медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, ЛинкедИн...)... Изработка на веб-страници, SEO и аналитика. Сетирање кампањи на „Гугл“, „Јутуб“... и што ли уште не!
Организација на настани
Промоција лице в лице
Организираме од најмали до најголеми промотивни активности. Имаме промотивен тим од хостеси и супервизори за BTL-промоции, дегустации и промотивни настани низ целата земја. Можеме да ви помогнеме при организацијата за учеството на здружени настани (саеми, конференции...), како и за организација на ваши промотивни настани, како семинари и работилници за вашите клиенти и партнери или деловни конференции.
Сакате да видите како работиме?
Можете да ги погледнете нашите проекти на линкот подолу, а, секако, можете и веднаш да нè контактирате и да видиме како можеме да ви помогнеме.