БРИФ

Организација на свеченото отворање на новата продавница на Ted Baker во „Скопје сити мол“ и покривање на делот со ПР.

СРАБОТЕНО

Го организиравме свеченото отворање на новата ексклузивна продавница на Ted Baker во „Скопје сити мол“, кое се одржа на 15 септември 2022 година. Настанот го најавивме со тизер-ситуација: елегантните девојки и момци со знакот Ted Baker се движеа по раскрсниците околу молот и голем број медиуми во текот на денот ја објавија веста. На свеченото отворање, на кое присуствуваше елитата на македонската модна индустрија, се погриживме за беспрекорна декорација на продавницата, кетерингот, свеченото сечење на лентата и забавата. Организиравме и фотосесија со модели во продавницата, како и фотографирање на самата продавница и на свеченото отворање - фотографии кои беа преземани од страна на медиумите што известија за свеченото отворање.

ИНФО

Клиент: „Ted Baker“
Период на реализација: септември 2022 г.

За Ted Baker