ОРГАНИЗАЦИЈА

Како агенција, целосно ја организиравме првата Фелоушип-програма на Македонската асоцијација на издавачи, која се одржа за време на Саемот на книгата 2024 г. Во тридневната програма влегуваше: (1) организација на превоз и сместување на 5 учесници (издавачи и книжевни агенти) од 5 земји; (2) организација на посета на саемот и запознавање со македонските издавачи; (3) организација на „speed dating“ меѓу странските и домашните издавачи; (4) организација на промоција на Програмата за поддршка на странски преводи од страна на Министерството за култура и туризам; (5) организација на неформални настани за нетворкинг помеѓу македонските издавачи и гостите; (6) организација на туристичка прошетка на гостите со туристички водич низ центарот на Скопје.

ИНФО

Клиент: Македонска асоцијација на издавачи
Период на реализација: мај 2024 г.