БРИФ

Осмислување креативна кампања за реактивација на кампањата за ваучерите, со која на луѓето што планирале да градат куќа ќе им се даде дополнителен краток период во кој ќе можат да се пријават за ваучер од 5.000 денари.

РЕШЕНИЕ

Нудиме најквалитетни ќерамиди. Нудиме сигурен покрив. А, сега, нудиме и ваучери во вредност од 5.000 денари, во промотивен период од 20 дена. Кој не би сакал да добие вистинска информација во вистинско време? Кој не би сакал да добие ваучер од 5.000 денари ако решил да гради нов покрив до крајот на годината? Кој не би сакал да направи добра зделка? Изедначувајќи го ваучерот со добра зделка, а имајќи ја предвид главната таргет-група на Тондах, која ја сочинуваат зрели мажи, како слоган на кампањата го предложуваме: Тондах. Направи добар улов!

ИНФО

Клиент: „Винербергер“
Период на реализација: септември 2023 г.

На wienerberger.mk

Гиф-банер за кампања на Google Display Network

Радио реклама: Направи добар улов!