Брајан Трејси: „Маркетинг“

 

  • Што навистина сакаат вашите сегашни и идни купувачи и што им е потребно?
  • Купувачите секогаш имаат право. Тие купуваат поради свои причини, не поради вашите.
  • Кога ќе прочитате или помислите некоја работа што можете да ја направите за да го подобрите својот маркетинг, дејствувајте веднаш.
  • Целта на бизнисот е да се привлече и да се задржи купувачот. (Питер Дракер)

  • Профитот е резултат на привлекувањето и задржувањето на купувачите во текот на времето и тоа на рентабилен начин.
  • Квалитетот е најмоќната и најефективната маркетиншка стратегија.
  • Најдобрата дефиниција за бренд е ветувањето што го давате и ветувањето што го исполнувате, што е всушност вашата репутација.
  • Секој контакт со купувачот е „момент на вистина“ што има влијание и што во голема мера може да одреди дали тој купувач повторно ќе соработува со вас.
  • Трендовите се сè. (Питер Дракер)

  • Секој производ нуди „клучна придобивка“, што е главната причина купувачот да се одлучи за производот. Секој производ или услуга, исто така, предизвикува „клучен страв“ што ќе го одврати купувачот.
  • Вашата дејност е купување купувачи.
  • Она што го одржувате во живот, расте. Ова значи дека она за што постојано и внимателно размислуваме, расте и се зголемува во вашата реалност.
  • Една од причините за пасивноста, парализата или неуспехот да се преземе дејство за да се купи некој производ, без разлика на маркетиншките или промотивните активности е затоа што вашиот потенцијален купувач не ја гледа или не ја разбира придобивката што би ја имал со купување на вашиот производ или услуга.
  • Луѓето купуваат:
    1. решенија за своите проблеми;
    2. задоволување на сопствените потреби и
    3. за да ги постигнат своите цели.
  • Бизнисмените купуваат производи или услуги за да заштедат или да заработат, време или пари.
  • Зошто некој клиент да дојде кај вас? Одговорете во 25 зборови или помалку на прашањето: Зошто некој би требало да го промени соработникот и да дојде кај вас?
  • Секогаш претпоставувајте дека вашите конкуренти се паметни, иновативни и дека размислуваат за истите работи за кои размислувате и вие, во однос на придобивање купувачи.
  • Кога купуваат, купувачите избираат понуда, во моментот на купувањето се убедени дека токму таа понуда е подобра од другите конкурентски понуди, па затоа е најдобриот избор за нив.
  • Вашата уникатна понуда треба да биде јасна во сите ваши промотивни материјали.
  • Највредното средство на компанијата е нејзината репутација. (Теодор Левит)

  • На каков начин би сакале да ве гледаат купувачите? Дали би сакале да ве опишуваат како најквалитетни? Како најуслужливи? Како најевтини?
  • Како би го опишале вашиот совршен или идеален купувач? Тоа е вашата целна група.
  • Најважната вештина што ја поседувате како продавачи е способноста да размислувате подобро од конкурентите.
  • Никој не добил голема битка бранејќи се. (Наполеон)

  • За да бидете успешни во маркетингот мора да практикувате „постојана офанзива“.
  • Вчудовидувачки е колку можете да научите со постојано дружење со најуспешните достигнувања на другите.
  • Ако некогаш конкурентот или некој за кој не сте сигурни дали ви е конкуренција, ве праша како оди бизнисот, секогаш одговорете дека е постојана борба.
  • Останете тајни и затворени за јавноста за својата најпрофитабилна област – тоа е клучна маркетиншка стратегија.
  • Како да го унапредиш својот бизнис?
    1. Посвети се повеќе на конкретни работи;
    2. Посвети се помалку на други работи;
    3. Почни да правиш нешто ново и различно.

Дали книгава е корисна?

Па, да. Ако сте длабоко навлезени во маркетинг ќе си речете: сето ова го знам. Ама некои работи колку и да ги знаеме, со текот на времето ги подзабораваме или ги игнорираме, па не е лошо човек да се потсети и на основите одвреме-навреме. Сепак, книгава е најкорисна за мал буст на мотивацијата кога ќе сетите дека губите елан за работа и дека веќе ништо (ново) не можете да направите на полето на маркетингот. Да, можете. И, не, нема да ви каже што да направите, ама ќе ве раздрма да почнете да размислувате што би можеле и за време на тие два-три саати додека ја читате (оти е мала, стотина страници) сигурно ќе добиете некоја идеја.


Ако сакате да ја набавите, книгата се продава ТУКА.