Бриф

Јавноста да дознае за новоотворената книжарница „Полица“.

Решение

Во автобусите на ЈСП поставивме „книги“ со наслов „Читај на екс“ во кои ставивме извадоци од книги во издание на „Полица“. Должината на извадоците беше испланирана да може да се исчита за едно просечно патување од неколку станици. Под содржината имаше QR-код кој водеше до веб-страницата на „Полица“, како и локација на новоотворената книжарница со покана да ја посетат. Акцијата имаше неверојатен одзив. Медиумите (кај нас и во регионот) покажаа огромен интерес за неа, а од корисниците на социјалните медиуми во текот на целата кампања добивавме само пораки на поддршка и поттик за „Полица“. И, најважно, сите дознаа за новата книжарница, што ни беше и првичната цел :)

Инфо

Клиент: „Полица“
Реализација: декември 2018 - јануари 2019 г.
Медиуми: дигитални, надворешно рекламирање, печатени медиуми, радио, ТВ

МЕДИУМСКА ПОКРИЕНОСТ

Bookbox: Кампања за читање во (наши) автобуси
Маркетинг365: „Полица“ со кампања за читање насекаде
Иновативност: Во дел од автобусите на ЈСП поставени книги
Фокус: Над книга наместо над телефон
Media-marketig: Makedonska knjižara Polica želi pomoći ljudima da čitaju svuda
Нова Македонија: Сега е модерно да имаш книга наместо телефон во автобус
Република: Кампањата „Читај на екс“ беше вистински погодок и луѓето зборуваат за неа