Настан

Отворање на првата книжарница на издавачката куќа „Полица“ во центарот на Скопје. На отворањето му претходеше пласирање на банер на македонски дигитални медиуми.

Цели

Книжарницата „Полица“ има екстериер кој со својата дрвенеста топлина едноставно ги кани минувачите внатре. А внатре ентериерот е повторно од дрво создавајќи топол амбиент каков што заслужуваат и книгите и читателите. При организацијата на отворањето на книжарницата сакавме да ја истакнеме таа топлина и со декорацијата и со угостувањето на сите поканети. Книжарницата ја украсивме со есенски елементи, како буриња, тикви и хризантеми, а гостите можеа да се засладат со домашно слатко од тиква, ликер од круша и вино.

Инфо

Клиент: „Полица“
Реализација: 30.11.2018

МЕДИУМСКА ПОКРИЕНОСТ
На Кафе-пауза.мк
На Женски магазин
На Фактор.мк
На Хаштаг.мк
На Фокус.мк
На Република.мк 
На Бизнис инфо
На Номадс.мк