Идеја

Поврзување на топли новогодишни ситуации со производите за бела техника на Макс под слоганот „Максимално среќни празници“

Решение

Макс слави 20 години додека сите се подготвуваат за славење на новогодишните и божиќните празници. Затоа, втората кампања на Макс се фокусираше на честитање на празниците преку прикажување топли семејни ситуации кои сите ги живееме во тие денови (или ги замислуваме и им ги раскажуваме на нашите деца - како што е ситуацијата со Дедо Мраз кој се пегла за да тргне да ја остварува својата новогодишна мисија) и топла порака која лесно се поврзува со името на брендот и тоа што го нудат производите: „МАКСимално среќни празници“. Празниците се среќни бидејќи сме со семејството – се гушкаме пред камините, со децата готвиме и се дружиме, со роднините и пријателите имаме време да се видиме и да се изнамуабетиме... Празниците се МАКСимално среќни ако со нас е и МАКС.

Инфо

Клиент: „Агротехна“
Реализација: декември-јануари, 2018 г.
Медиуми: билборди, радио и дигитални м.




РАДИОРЕКЛАМА: Снежана и седумте џуџиња и… МАКС