Идеја

Да креираме бренд на дизајнирани честитки на македонски јазик и на македонските дијалекти.

Решение

Увидувајќи го недостатокот од креативни дизајнирани честитки на македонски јазик на нашиот пазар, го креиравме брендот Ај честито!. Честитките не само што се на македонски јазик, туку се и во духот на македонскиот народ – весели, шеговити и радосни. Токму какви што се убавите пригоди за кои се наменети (свадби, веридби, матурски, дипломски, родендени, мекици, повојници, крштевки...). Честитките ќе бидат достапни на македонски литературен јазик, но и на повеќе наши дијалекти. Почнавме со битолските, па со честитките на стандарден македонски јазик и се надеваме дека за кратко време тие ќе бидат огледало на честитките и убавите зборови што си ги кажува македонскиот народ за сите пригоди и во сите наши краишта. Целта ни е да го зачуваме нашето културолошко богатство на честитки и благослови кое е огромно, а дополнително и да го збогатиме со нови, модерни, но сепак македонски. Оти нашето е наше - нашето е топло, полно со љубов и со исконски чувства пренесувани од генерации на генерации преку нашите зборови и нашиот јазик. Оти „Happy birthday“ и „Congratulations“ никогаш нема да го имаат истиот ефект како „Голем(а) да растеш!“ и „Вечни да сте!“. #ОтиНаНашкиЕНајубаво!

Инфо

Планирани дијалекти: битолски, кумановски, штипски, прилепски, охридски, струмичко-гевгелиски

Продажни места

Гостување на ТВ „Телма“ (23’40”)