











Бриф
Да се осмисли креатива за кампања за запознавање на јавноста со новиот онлајн туристички водич Lakes.mk.
Решение
We lake you! Со оваа очигледна игра на зборови, на замена на like со lake, го постигнавме главниот ефект на тизер-кампањата: да го привлечеме вниманието на сите што ќе ја видат рекламата и да ги поттикнеме да кликнат за да видат што е со финтата. Оваа игра на зборови овозможи надоврзување на понатамошната комуникација, при што тоа „lake“ го искористувавме како супер интересна и привлечна замена за „like“ секаде каде што можеше. На пример, кога ги поканувавме луѓето да ја лајкнат Фб-страницата, тоа го правевме со „Lake us“. Понатамошната кампања ја градевме врз основа на содржините (и визуелни, и текстуални) на „сè во едно“ туристичкиот водич Lakes.mk, спакувани на соодветен и привлечен начин за промоција на социјалните мрежи.