БРИФ

Осмислување креативна кампања за покрив направен со ќерамиди Тондах, со која ќе ги повикаме луѓето што планирале да градат куќа, да се пријават за ваучер од 5.000 денари.

РЕШЕНИЕ

Сите ние кога работиме, сакаме да бидеме сигурни дека трудот ќе ни се исплати. Кога ги растеме нашите деца, вложуваме во нив љубов, грижа и внимание со потајна или со јасно искажана надеж дека сакаме тоа еден ден да ни се врати. Кога градиме куќа, градиме дом и градиме иднина за нас и за нашето семејство. А тоа е нешто што се прави еднаш до двапати во животот. Тогаш кога се гради, човек сака да направи најдобро што може за го смести меѓу стабилни ѕидови и сигурен покрив сето она што цел живот го создавал и ќе го создава. Затоа, кога се прави покрив, се оди на сигурно и се бара најдоброто. А ние знаеме дека најдоброто и најсигурното е - Тондах.

ИНФО

Клиент: „Винербергер“
Период на реализација: април-мај 2023 г.

На wienerberger.mk

Гиф-банери за кампања на Google Display Network

Радио реклама: Што е сигурно, сигурно е!