ПРЕДИЗВИК

Креатива за поттикнување на купувањето македонски ќерамиди Винеам за време на акцијата „Викенд без ДДВ“.

РЕШЕНИЕ

Креативата е базирана на слоганот: КОГА ЌЕ СЕ СКЛОПАТ КОЦКИТЕ. Во случајов, станува збор за „склопување“ на коцките од три страни: (1) има луѓе на кои им се потребни ќерамиди за нов покрив или за реновирање на покрив, (2) Винеам е квалитетна, природна, македонска ќерамида, (3) која за време на Викенд без ДДВ може да се купи и со тоа значајно да се заштеди. Значи, викендот од 10 до 12 е времето кога ваквата поставеност на „коцките“ треба да се искорити и да се купат ќерамидите за новиот покрив или новата куќа и притоа квалитетно да се заштеди. Дизајнот го надополнува слоганот, со визуелното прикажување на 3 во 1 придобивките за време на Викенд без ДДВ во форма на Рубикова коцка, со што се истакнува неизмерното задоволство што секој го има кога ќе доживее „да (му) се склопат коцките“.

ИНФО

Клиент: „Винербергер“
Период на реализација: октомври, 2020 г.

Радио реклама

Дозволете и Вам да Ви се склопат коцките!
Искористете го претстојниот #ВикендБезДДВ за да набавите ќерамиди за нов…

Posted by Wienerberger Macedonia on Петок, 02 октомври 2020

#ВикендБезДДВ – Викенд за покрив со заштеда.

Вам Ви треба квалитетен, естетски привлечен покрив со кој ќе направите…

Posted by Wienerberger Macedonia on Среда, 07 октомври 2020