Бриф

Да се осмисли креативна кампања за социјални мрежи, GDN и онлајн-рекламирање со цел промовирање на душеците Алмеро во месецот на љубовта.

Решение

При креирањето на кампањата појдовме од носечкиот слоган „Кажи ДА за нов душек“. Делот „Кажи ДА“ од слоганот асоцира на љубовен предлог (за врска, брак) и е во духот на празникот, а со остатокот од слоганот – „за нов душек“ си поигравме со овој „љубовен предлог“ претворајќи го во предлог за купување нов душек од Алмеро. Во рамките на кампањата објавуваме визуали со среќни парови на сите возрасти – и помлади, и постари, со текстови кои од опишани топли љубовни и семејни моменти преминуваа во опишувања на спиењето на квалитетен душек.

Инфо

Клиент: „Алмеро“
Период: февруари 2021 г.