БАРАЊЕ

Дизајн на каталог во кој ќе бидат претставени реквизитите за изнајмување на фирмата „О3 инвест“, лидер во организација на корпоративни настани.

РЕШЕНИЕ

При дизајнирањето на каталогот тргнавме од сината боја од логото на фирмата „О3 инвест“. Така, на насловната страница на каталогот е поставено логото како цепелин кој лета на небото, кое е чисто и асоцира на ведрината што ја носи брендот со себе. За секоја од секциите на реквизити (опрема за настани, реквизити за деца, спортски настани и техничка опрема) определивме соодветна боја од палета на четири комплементарни бои, кои соодветно асоцираат на секциите. Дизајнот е чист и прегледен и од клиентот е оценет како полн погодок!

ПЛУС ИНФО

Клиент: „О3 инвест“
Период на реализација: март 2023 г.

ЗА „О3 ИНВЕСТ“