БРИФ

Осмислување креативна кампања за ќерамидите Тондах, со која ќе ги повикаме луѓето што планирале да градат куќа, да се пријават за ваучер од 50 евра, кој можат да го искористат до крајот на годината.

РЕШЕНИЕ

Барајќи заштита за себе од надворешните услови, секогаш сме во потрага по најдоброто. Кога студи, сакаме да сме облечени во најтоплата облека, кога има снег ни требаат најнепропустливи обувки, а кога ќе заврне сакаме да имаме при рака најсигурен чадор. Онака како што се грижиме да се заштитиме себеси, се грижиме и да го заштитиме нашето семејство преку нашиот дом. А за заштита на домот од дожд, неопходен ни е најсигурен покрив од Tondach. Преку впечатлив дизајн на невреме и човек што е сигурен под својот чадор (читај покрив) со логото на Тондах ја потенциравме сигурноста што ја нудат ќерамидите на Тондах. Пораката ја засиливме со слоганот: И да врне, и да вее покривот Тондах да е.

ИНФО

Клиент: „Винербергер“
Период на реализација: март-април 2021 г.

На wienerberger.mk

⛈ Ги доживувате дождот и силните ветришта како најголем непријател…

☔️ Не дозволувајте сезоната на дождови да внесе…

Posted by Wienerberger Macedonia on Четврток, 04 март 2021

 

Радио реклама: И да врне, и да вее покривот Тондах да е